Доц. Д-р Васил Папестиев

РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛЕНИЕ
СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ОПШТА ХИРУРГИЈА
СУПСПЕЦИЈАЛИСТ ПО КАРДИОХИРУРГИЈА

Vasil Papestiev

Биографија

Образование и едукации
Дипломира на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде се стекнува со титула доктор по медицина (2000–2006 година).
Специјализира општа хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје, под покровителство на Министерството за здравство на Република Македонија (2007–2012 година).
Се усовршува како супспецијалист по кардијална хирургија на Универзитетската болница „Ребро“ во Загреб, Хрватска, под менторство на проф. д-р Бојан Биочина (2015–2017 година).
Следи трет циклус на постдипломски студии на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (2016–2020 година).

Јазици
Англиски јазик – C1
Германски јазик – B1
Хрватски јазик – C1

Награди, признанија и научни публикации
Добитник на наградата „13 Ноември“.
Автор и коавтор на научни трудови достапни на: Google Scholar – Vasil Papestiev.

Работно искуство
Работи во Одделот за кардијална хирургија при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје (2012–2014 година).
Потоа е дел од тимот на Универзитетската клиника за кардиохирургија во Скопје (2014–2015 година).
Меѓу 2015 и 2017 година работи во Одделот за кардијална хирургија на Универзитетската болница „Ребро“ во Загреб
Од 2017 година до денес е активен кардиохирург на Универзитетската клиника за кардиохирургија во Скопје.
Од 2021 година е доцент по хирургија на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.