Д-р Дејан Димитрoвски

СПЕЦИЈАЛИСТ ПО КАРДИОХИРУРГИЈА
ДИРЕКТОР

Dejan Dimitroski

Биографија

Образование

Додипломските студии ги завршил на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде се стекнал со титулата доктор на медицина. Специјализацијата по кардиохирургија ја започнал во Klinikum Süd во Нирнберг, Германија, а ја продолжил на ЈЗУ Универзитетска клиника за државна кардиохирургија во Скопје, каде се здобил со титулата специјалист кардиохирург. Во моментов е докторанд на трет циклус на постдипломски студии на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Стручно усовршување

Напредно се усовршувал во областа на кардиохирургијата под менторство на д-р Матју Хортон, проф. Манганас и проф. Ферманис во St. George Hospital во Сиднеј, Австралија. Исто така, специјализацијата ја продолжил во Одделот за кардиохирургија при Klinikum Nürnberg Süd во Германија, под водство на проф. Теодор Фишлеин. Дополнително усовршување стекнал и во Клиничкиот центар на Србија во Белград, на Одделот за кардиохирургија, под менторство на проф. Светозар Путник.

Работно искуство

Приправничкиот стаж го започнал на Ургентниот оддел при Клиничката болница во Битола, по што продолжил со стажирање на Хируршкиот оддел во истата болница. Специјализантскиот стаж го извршувал во ЈЗУ Универзитетската клиника за државна кардиохирургија во Скопје, во St. George Hospital во Сиднеј, Австралија, во Herzchirurgie Abteilung при Klinikum Nürnberg Süd во Германија, како и во Клиничкиот центар на Србија во Белград.

Лични вештини и компетенции

Германскиот јазик го зборува на ниво TELC B2, англискиот на ниво CEFR C1, а исто така комуницира и на српски/хрватски јазик. Социјалните вештини го опишуваат како комуникативен, амбициозен и флексибилен професионалец, со капацитет за преземање истражувачка работа и јасно и прецизно известување на резултатите. Остварува постојана комуникација со домашни и меѓународни институции и е високо мотивиран за континуирано учење и професионално надоградување.

Научно-истражувачка работа

Објавил научни трудови на теми како што се примена на првиот „експерт HAN артродезен клин“, оптимална коронарна артериска графт техника кај пациенти со висок ризик и акутен миокарден инфаркт, како и нови протоколи за превенција на инфекции преку директна стернална администрација на ванкомицин.

Награди

Доделена му е наградата „13 Ноември“ за неговите професионални достигнувања.