Валвуларна хирургија/срцеви залистоци

Оперативен зафат за стеноза или инсуфициенција на аортната или митралната валвула спаѓа под валвуларна хирургија. Операцијата на срцевите валвули е хируршки зафат кој се изведува за да се поправат или заменат срцевите валви во срцето. Срцето има четири валвули — аортна, митрална, трикуспидна и пулмонарна — и тие играат важна улога во контролирањето на протокот на крвта, односно обезбедуваат еднонасочен проток на крвта. Оперцијата може да биде потребна поради различни состојби, како што се:

Валвуларна инсуфициенција: Кога валвулата не се затвора правилно, што доведува до повратен проток на крв назад. Ова може да предизвика умор, краток здив и плуќна конгестија.

Валвуларна стеноза: Стеноза, односно стеснување, е состојба во која валвулата е стеснета и не овозможува нормален и доволен проток на крв. Ова може да доведе до зголемен притисок во срцето, со што тоа се оптоварува и со тек на времето може да дојде до срцево ослабување, а и недостаток на кислород во останатите органи. Пациентот може да чувствува градна болка, замор, отежнато дишење. 

Инфективен ендокардит: Бактериска инфекција на срцевите валвули, која може да доведе до оштетување и потреба за корекција.

Тек на операцијата:
Операциите на срцевите валвули, најчесто се изведуваат преку отварање на градниот кош со сечење на градната коска (стернотомија), но на нашата клиника овие интервенции почнаа да се изведуваат минимално инвазивно, односно преку мал рез од 4-5цм странично на градниот кош. Овој пристап е возможен кај повеќето пациенти, со неколку исклучоци, во зависност од градбата на градниот кош кај секој пациент посебно.

Поправка или замена: Хирургот може да ја поправи валвулата (на пример, со исправување, дополнување или поставување на нови неохорди) или да ги замени со вештачки (механички или биолошки) валвули.

Опоравување:
По операцијата, пациентот обично поминува време во единица за интензивно лекување, следено со период на опоравување на одделот. Потоа следува кардиоваскуларна рехабилитација – програма во која учествува тим од медицински сестри, физиотерапевти, советници и лекари, со цел постепено враќање на активностите и јакнење на организмот.

На пациентот ќе му бидат препишани одредени лекови за управување со раната хирургија и за спречување на компликации. 

Предоперативни подготовки:
Замена или поправка на срцевите валвули бара темелна подготовка и низа тестирања, кои задолжително се прават кај сите пациенти:

– Електрокардиограм (ЕКГ)

– Ехокардиографија

– Крвни анализи

– Доплер на каротидни и периферни крвни садови

– Спирометрија (испитување на капацитетот на белите дробови)

– РТГ и компјутерска томографија (КТ) на градниот кош

– Микробиолошки испитувања ( брис нос, брис грло и уринокултура )

– Стоматолошки преглед